ОН загрижени поради планот на Јапонија да испушта радиоактивна вода во море

332

Експерти на ОН ја повикаа денеска јапонската Влада да не го забрзува планот за испуштање радиоактивна вода во море од оштетената нуклеарка во Фукушима, додека не се извршат консултации со соседните земји и заедници кои ќе бидат загрозени поради тоа.

– Многу сме загрижени поради извештајот дека Владата на Јапонија го забрзала спроведувањето на планот за испуштање радиоактивна вода во океанот, без да остави време и можност за консултации, порачаа експертите на ОН во соопштение до јавноста.






Тие побараа планот да се одложи до завршување на пандемијата на новиот коронавирус, по што, според нив, ќе може да му се посвети внимание на тоа прашање.

Се очекува резервоарите, во кои се наоѓа радиоактивната вода од нуклеарната централа, да бидат полни до летото 2022 година, а освен со испуштање во Тихиот Океан, јапонската Влада ја разгледува можноста течноста да се отстрани со испарување.

Поврзани содржини