15 лица приведени вчера на Бит-пазар зашто го прекршиле полицискиот час

236

Петнаесет лица се лишени од слобода поради непочитување на забраната за движење на подрачјето на Полициската станица Бит-пазар вчера во периодот од 19 до 20 часот на улиците „Методија Митевски“, „Емин Дураку“, „Вуковарска“, „Панче Неделковски“, „Лазо Трповски“ и „Никола Карев“, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Оттаму истакнуваат дека продолжуваат со интензивни контроли на територијата на целата држава со цел санкционирање на непочитувањето на мерките за справување со ковид 19.






„Апелираме граѓаните да ги почитуваат овие мерки и заеднички да придонесеме во спречување на ширењето на коронавирусот“, се наведува во соопштението од МВР.

До пет часот изутрина траеше 80-часовната забана за движење со цел спречување на ширењето на вирусот ковид-19, а која се однесуваше за граѓаните на сите општини во град Скопје, околните скопски општини Арачиново, Зелениково, Илинден, Петровец и Студеничани, како и во Куманово, Липково, Штип, Карбинци, Тетово, Боговиње, Брвеница, Теарце, Желино и Јегуновце.

Поврзани содржини