Заев: Изборите за мене веќе не се тема, ќе бидат на 5 јули, бујрум

1,216

Лидерот на СДСМ Зоран Заев денеска на прес конференција порача дека изборите ќе се оддржат на 5 јули и дека отстапка за овој датум нема. Како што рече Заев бујрм на 5 јули на избори.

– Токму заради заштита на здравјето на граѓаните изборите се решение. Тие ќе се случат на 5 јули. Проблемите кои ги предизвикува Наќе Чулев ќе ги ставиме зад нас Нема нови аргументи за нови економски мерки и нема оправдување за нова вонредна остсојб. Изборите ќе се одржат на 5 јули, 22 дена по завршувањето на вонредната состојба. Изборите повеќе за мене не се тема – рече Заев на новинарско прашање дали и покрај новозаразените останува на ставот за брзи избори.






На прашањето дали деновиве има формална или неформална комуникација со Мицкоски и дали евентуално би имало нова лидерска средба, Заев потврди дека имало канал на комуникација и дека тој постоел се до прогласувањето на четвртата вонредна состојба.

– За жал не постигнавме договор. Едно е јасно не постои никаков уставен и законски момент за да го свикаме Собранието. Изборите ќе бидат на 5  јули, ова е последната отстапка.Бујрум на 5 јули на избори. Вирусот слабее но е присутен на секаде, има асимптоматични случаи. Сите денешни бројки се од времето кога имаше полицискичас. Рефлелксијата на заразата е ослабена може заради времето или други околности. Ова ќе трае и на 5 јули, 5 август и на 5 септември и на 5 октомври. Не може,е државата да ја оставиме без парламент. 5 Јули е денот на изборите. Имаме време и сите знаат дека ова ќе бидат специфични услови за кампања тоа е нашата нова реалност. Здраво за државата е вососптавување на пралмент – рече Заев.

Поврзани содржини