Нови 14 дена вонредна состојба

1,475

Претседателот Стево Пендаровски денеска најави дека ќе одреди нови 14 дена вонредна состојба.

– Имајќи го предвид најновиот тек на  настаните, во текот на денот ќе донесам одлука за нови 14 денови вонредна состојба за да овозможам на владата да се справи со состојбата и нема никаква врска со изборниот процес и датумот за избори – рече Пендаровски.






Toj  упати три пораки – една до граѓаните, една до владата и една до лидерите на политичките партии.

– Сакам да им се заблагодарам на огромното мнозинство наши граѓани за тоа што трет месец крајно дисциплинирано и совесно ги почитуваат препораките за заштита на своето и здравјето на најблиските. Сакам да упатам и апел да не се опуштаме и со тоа да ги доведеме во прашање сите позитивни резултати кои ги имавме досега во борбата против пандемијата. Ние оваа битка сигуно ќе ја добиеме, но, мора да останеме совесни и одговорни до крај – рече Пендаровски.

На Владата и порача дека негативните трендови забележани во некои општини не смеат да бидат повод да се враќаат рестриктивните мерки на цела територија и за сите граѓани., а на политичките лидери им порача дека  државата нема Парламент.

 

Поврзани содржини