Николоски: Вонредната состојба треба да продолжи, а не да се напаѓа народот

717

Потпретедателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски смета дека вонредната состојба треба да биде продолжена бидејќи бројките се загрижувачки.

Според него, неопходно е да се прават поголем број на тестови. Тој вели дека под секое ниво е да се обвинува министерот Чулев и народот за лошите мерки на власта. За избори пак во вакви услови, смета дека е несериозно да се зборува.






– Кога му се руши планот за брзи избори по цена на човечки животи, виновен е Чулев, виновен е народот. Во суштина виновен е Заев. Денеска гледаме еден организиран напад против народот што е недозволиво бегање од одговорност. Обидот да се префрли одговорноста врз ВМРО-ДПМНЕ е смешно-вели Николоски во емисијата „360 степени“ на Алсат.

Поврзани содржини