Адвокатот Александар Тортевски вели дека е поднесена кривична пријава против реисот Сулејман Реџепи поради заканите дека ако не му дадат пари, ова ќе стане Авганистан.
– Поднесовме кривична пријава против реисот за заканата дека ќе ги отвори џамиите, и дека ова ќе стане Авганистан, ако не му дадат пари. Но, само да видите каква одлука Јавното обвинителство донесе. Таму го цитираат Бујар Османи кој го оправдува реисот дека бил погрешно разбран. И сега излегува дека Бујар Османи е некој врховен арбитар во државава – рече Тортевски во дебатниот магазин „Клик Плус“ на ТВ21.