Силјановска: Ќе биде ли оваа генерација достојна на своите предци или ќе ги засрами и понижи?

744

„Никој“ не може да стане „некој“. Македонскиот национален идентитет е македонска работа и биографија. Автори на македонската национална приказна се нашите предци, а ние, како коавтори, имаме национална обврска да ја допишуваме, пишува на Фејсбук професорката Гордана Силјановска Давкова.

„Соседите си имаат СВОИ НАЦИОНАЛНИ ПРИКАЗНИ, чии АВТОРИ и БИОГРАФИ се ТИЕ, САМИТЕ!






Нивните амбиции за (ко)авторство на нашата национална историја не можеме да ги контролираме, но нашите ПОСТАПКИ – МОЖЕМЕ и МОРАМЕ.

Ќе биде ли оваа генерација достојна на СВОИТЕ ПРЕДЦИ или ќе ги засрами и понижи, „БРИШЕЈЌИ ГИ“, себезастрамувајќи се, себепонижувајќи се и СЕБЕНЕГИРАЈЌИ СЕ?

Една од обединетите нации во рамките на ООН, БЕШЕ, Е, и ЌЕ ОСТАНЕ и МАКЕДОНСКАТА НАЦИЈА!

ИЛУЗИЈА е, дека може да започнете преговори за ЕУ како „ НИКОЈ“, за да станете „НЕКОЈ“!Да бидеме достојни Македонци и горди Европејци!“, порачува Силјановска.

 

Поврзани содржини