Комисијата за заразни болести ќе предложи кога ќе бидат отворени границите

Владата ќе преговара и со соседите и земјите со ЕУ за да се утврди точниот датум на отворање на границите, рече премиерот Спасовски.

1,064

Сѐ уште не е донесена одлука за отворање на границите. Комисијата за заразни болести треба да подготви протокол и да одреди датум кога ќе можат да бидат отворени границите, рече премиерот Оливер Спасовски.

Според него , владата ќе преговара и со соседите и земјите со ЕУ за да се утврди точниот датум на отворање на границите.






–  Една држава не може сама да донесе одлука за отворање на границите, зашто треба да се имаат предвид економските последици на соседите – рече Спасовски.

Спасовски рече дека до сега немало предлог отворањето на границите да биде на 1 јуни.

Поврзани содржини