Од утре се укинува полицискиот час, угостителиските објекти започнуваат со работа в четврток
Ова беше соопштено на денешната прес-конференција на која присуствуваа претседателот на Владата, Оливер Спасовски, заменикот на претседателот на Владата, задолжен за европски прашања, Бујар Османи, министерот за здравство, Венко Филипче и д-р Жарко Караџовски од Институтот за јавно здравје.
По речиси два ипол месеци е донесена одлука од утре да се укине полицискиот час на целата територија на државата, додека од четврток со работа започнуваат угостителските објекти, но под одредени правила донесени, се укинува работењето на лица по различни основи. Државниот картантин се укинува за лицата кои доаѓаат во земјата и се заменува со домашна самоизолација.
Ова беше соопштено на денешната прес-конференција на која присуствуваа претседателот на Владата, Оливер Спасовски, заменикот на претседателот на Владата, задолжен за европски прашања, Бујар Османи, министерот за здравство, Венко Филипче и д-р Жарко Караџовски од Институтот за јавно здравје.
– Од утре (27 мај) целосно се укинува одлуката за забрана за движење и посебен режим за движење. Од четвртот (28 мај) отпчнуваат со работа угостителските објекти со прецизно утврден соодветен протокол за нивна работа во отворените делови, односно терасите на овие објекти, а работата во затворените делови и објектите кои немаат тераси ќе се регулира во наредната фаза – изјави Спасовски.
Премиерот рече дека од 1 јуни ќе престанат да важат заклучоците на владата со кои различни категории на вработени лица се ослободени по различни основи од редновно и тековно извршување на работните активности, како упатување за работа од дома, патување за работа кон Скопје, огранизирање на работниот процес со ротации и други слични мерки. Како и дека истите ќе бидат дополнети со соодветен протокол за работа. Тој додаде дека ова нема да важи за хронично болните, а отстапка на оваа одлука ќе има и за родителите кои имаат деца до 10 години за кои ќе се чека одлуката за отпочнување со работа на градинките.
– Денеска е усвоен и прецизниот протокол при влез на сите лица македонски државјани во земјата. Со ова задолжителниот државен карантин на нашите државјани кои се враќаат со хуманитарни летови или конвои се заменува со домашна самоизолација. Доколку лицата кои влегуваат во државата приложат негативен ПСР тест направен во последните 72 час пред да влезат во земјата. Од денеска сите лица кои се во државен карантин на своја сметка можат да направат ПСР тест во објктот кој се сместени и доколку тој е негативен да бидат упатени во домашна самоизолација – рече премиерот.
Во договор со министерството за надворешни работи, направен е протокол за странските дипломати и нивните семејства, доколку приложат негативен ПСР тест направен во последните 72 часа при влез во Македонија ќе можат непречено и тековно да ја извршуваат својата работа без упатување во домашна самоизолација.
– Освен овие одлуки на денешната седница ја задолживме Комисијата за заразни болести да направи јасна и прецизна проценка за отворање на државните граници, како и да подготват соодветни протоколи за влез и излез на и од територијата на Македонија. Оваа одлука ја правиме заедно во координација со земјите во регионот и со секоја од нив имаме одлична комуникација која најавува дека многу бргу патувањето во регионот ќе биде регулирано во интерес на граѓаните на сите земји – изјави Спасовски.
Второ задолжение за Комисијата за заразни болести е да подготви соодветни протоколи за работа на хотелите, односно за начинот за работа со посетители и за работа во просториите на хотелите.
Спасовски најави дека сепак вирусот е сè уште присутен и задолжително е да се почитуваат мерките за лична заштита и одржување на растојание. Тој рече дека зголемениот број на новозаболени случаи е јасно од каде се, алудирајќи на семејни собори и непочитувањето на дел од мерките.
– Ќе има нагласена примена на мерките кон овие нови жаришта. Капацитетите и знаењето на здравствените работници достигнаа висока стручност и тоа ни дава за право да заклучиме дека здравствениот систем може да одговори на предизвиците. Успешно го амортизиравме првиот удар од епидемијата и во ниту еден случај не се оптовари здравствениот систем. Вирусот е тука и ќе биде присутен додека не се стекне имунитет или додека не се најде вакцина. Важно е граѓаните да се придржуваат до мерките, за лична заштита и држење растојание. Да живееме со коронавирусот на начин на кој ќе бидеме заштитени и ќе го штитиме здравјето на сите околу нас – рече Спасовски.