Вчера 68 лица отишле во изолација, а 19 во самоизолација

461

Во последните 24 часа на територијата на Македонија на 68 лица им се издадени решенија за изолација, а 19 лица потпишале изјави за самоизолација, соопшти МВР.

Полициски службеници извршиле контроли кај лица во изолација и самоизолација и не евидентирале лица кои не ја почитувале мерката.






Евидентирано е дека на ниво на целата држава 126 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 79 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.

За неносење лична заштита на лице регистрирани се 18 прекршоци.

Поврзани содржини