Полицијата за еден ден откри 113 граѓани кои не носеле маски
За последните 24 часа во земјата на 85 лица им се издадени решенија за изолација, а 18 лица потпишале изјави за самоизолација, информира МВР.
Вкупно 46 лица не го почитувале полицискиот час изминатото деноноќие. Полицијата од нив приведе 41 лице, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки, соопшти МВР.
Полицијата открила и 113 лица кои не носле маски.
– За последните 24 часа во земјата на 85 лица им се издадени решенија за изолација, а 18 лица потпишале изјави за самоизолација – информира МВР.
Од страна на полицијата се извршени контроли кај лица во изолација и самоизолација и не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерките.