Шекеринска: Ако ВМРО-ДПМНЕ беше сега на власт, Груевски ќе беше главен епидемиолог

Таа постави и прашање дали професорката Гордана Силјановска е здравствен експерт на ВМРО-ДПМНЕ.

2,916

Ако беше ВМРО-ДПМНЕ сега на власт, главен епидемиолог ќе беше Никола Груевски, рече министерката за одбрана Радмила Шекеринска во денешното гостување во отвореното студио на ТВ24.

– Да беше ВМРО-ДПМНЕ сега на власт, во време на здравствената криза, главен епидемиолог ќе беше Груевски, главен инфектолог ќе беше Груевски, главен за избори ќе беше исто така Груевски. Сето тоа сега ние го сменивме и сакаме пониаку да функционира системот – рече Шекеринска.






Таа постави и прашање дали професорката Гордана Силјановска е здравствен експерт на ВМРО-ДПМНЕ.

– Најпрво Мицкоски бараше лидерска средба, а потоа им се извинуваше на граѓаните затоа што дошол на средба која не ја барал. Ако му беше толку важно здравјето на граѓаните, тогаш зошто не дојде со здравствен експерт, туку со Гордана Силјановска? Дали можеби таа е експертот за здравство во ВМРО-ДПМНЕ? – праша Шекеринска.

Поврзани содржини