Ѓоковиќ: Не јадам 16 часа во денот веќе година ипол!
Подобро спијам, имам поголема енергија во текот на денот, имам помалку падови - рече Ѓоковиќ.
Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ во разговор со професорот Драган Иванов, кој е специјалист за интерна медицина, истакна дека 16 часа дневно не јаде, туку пие само вода.
– Ќе започнам со темите на автофагијата, односно за мојот секојдневен пост од 16 часа без јадење. Јас не јадам 16 часа, а јадам 8 часа во денот. Ова го применувам во изминатата година ипол и почувствував големи подобрувања во системот за варање. Подобро спијам, имам поголема енергија во текот на денот, имам помалку падови – рече Ѓоковиќ.