Денеска имаме скок на новодијагностицирани пациенти и тоа ќе следиме следните денови да видиме дали е случајност, варијација или тренд, рече министерот за здравство Венко Филипче на прес конференција.
– Тоа се резултати од само еден ден и не можеме ништо да заклучиме од тие резултати. Во неколку наврати имавме слични сценарија со значајно мал но и значајно голем во еден момент имаше и над 100 дијагностицирани. Утре и во сабота ќе ги анализираме новодијагностивираните и на што се должи тоа. Повторувам останува да се почитуваат мерките – рече Филипче.