За 4,5 отсто намален бројот на работниците во индустријата
Бројот на работниците во индустријата во периодот јануари ‒ март 2020 година, во однос на периодот јануари ‒ март 2019 година, е помал за 3,6 отсто.
Бројот на работниците во индустријата во март годинава, во однос на истиот месец лани е помал за 4,5 отсто, соопшти Државниот завод за статистика.
Бројот на работниците во март бележи опаѓање во секторите: „рударство и вадење на камен“ од 1,6 %, „преработувачка индустрија“ од 4,8 % и „снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација“ од 0,5 %.
Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во март 2020 година, во однос на март 2019 година, бележи опаѓање кај „енергија“ за 0,9 %, „интермедијарни производи, освен енергија“ за 6,3 %, „трајни производи за широка потрошувачка“ за 9,0 % и „нетрајни производи за широка потрошувачка“ за 5,8 %, додека пораст од 0,3 % бележи кај „капитални производи“.
Бројот на работниците во индустријата во периодот јануари ‒ март 2020 година, во однос на периодот јануари ‒ март 2019 година, е помал за 3,6 отсто.