Пред неколку години беа објавени фотографиите на Кејт Мидлтон од ноќните журки, а ова издание, малку неочекувано за војвотката од Кембриџ, го изненади целиот свет.
Секогаш грациозни, како што и доликува на членовите на кралското семејство, посветени на семејството и децата, одмерени во своите изјави Кејт и Вилијам се олицетворение на сè што монархијата треба да претставува во денешно време.
Сепак, долго пред да станат војвода и војвотка од Кембриџ, Вилијам и Кејт биле како нивните врсници, правејќи сѐ она што било соодветно за нивната возраст, излегувајќи во ноќните клубови.
Кејт Мидлтон изгледа прилично пијана на фотографиите објавени во јавноста, а ниту нејзиниот сопруг, принцот Вилијам, не е многу трезен и одвај може да ги држи очите отворени.
Принцот Вилијам се запознал со Кејт во 2001 година, додека студирал на престижен британски универзитет. Двојката се обидела да живее што е можно „понормално“ на факултетот, без кралските привилегии.
FOTO: Instagram