117 лицa не ја почитувале забраната за движење во изминатото деноноќие, при што приведени/лишени од слобода се 89 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки, соопшти МВР.
Според статистичките податоци за изминатото деноноќие, на 135 лица им се издадени решенија за изолација, а 53 лица потпишале изјави за самоизолација.
Полициски службеници извршиле контроли кај лица во изолација и самоизолација, а три лица не ја почитувале мерката за изолација.