Еве како се игра оро во епидемија на коронавирус во Србија (ВИДЕО)

5,836

Снимката на која се гледа како се игра оро во време на епидемија на коронавирусот, брзо се рашири на социјалните мрежи и стана вистински хит, најверојатно, доаѓа од Србија, објави српски Курир.

Таа им покажува на луѓето кои решиле да се забавуваат, но почитувајќи ја социјалната дистанца, па орото се играло на пропишано растојание од два метра!

Но тоа не им пречело на играорците, а и минувачите ги следеле од слична дистанца.

Наскоро, орото на Велигден стана хит, па семејствата од домашна изолација ја споделија оваа необична снимка.

 






Поврзани содржини