Иниеста: На Гризман му треба време да се прилагоди, исто како и на Де Јонг
Дваесет и деветгодишниот Гризман се пресели во Барселона од Атлетико за 120 милиони евра летото 2019 година.
Поранешниот играч од средниот ред на Барселона, Андрес Иниеста, изјави дека на напаѓачот на каталонскиот тим Антоан Гризман му треба време за да се адаптира.
– Гризман и Френки де Јонг се во иста позиција. На Антоан, како и на Френки, му треба време, исто како и секој новодојденец кој се придружува во тимот секоја година. Гризман е огромен талент, тој ќе успее и ќе најде место во тимот, за кого не е така лесно да се игра – изјави Иниеста.
Дваесет и деветгодишниот Гризман се пресели во Барселона од Атлетико за 120 милиони евра летото 2019 година.
До прекинот на сезоната 2019/20 година, Французинот постигна 14 гола и забележа асистенции на 37 натпревари за Каталонците.