Ќе влезе ли причеста во прашалникот на епидемиолозите?

406

Министерот за здравство, Венко Филипче на првата онлајн прес-конференција доби новинарско прашање дали со оглед на денешните причестувања во црквите со едно лажиче, во прашалникот кој го пополнуваат матичните лекари ќе биде вметнато и барање на одговор од пациентот дали бил на причествување.

Филипче не даде конкретен одговор, само го повтори апелот и молбата да се почитуваат мерките на владата, да нема масовни собирања, да се држи дистанца и на тој начин да инвестираме со сопственото и здравјето на блиските.






– Ги замолувам сите граѓани овој Велигден да го празуваме дома, поради тоа што со непочитувањето би довело до нов пик за 14 дена. Многу скоро престои и друг верски празник и дека ако и тогаш верниците не почитуваат и одат во џамиите тогаш тогаш ке се вртиме во круг и мерките нема да ги дадат очекуваните резултати, односно што поскоро справување со корона вирусот – вели Филипче.

Поврзани содржини