Пендаровски порача владата за 24 часа да реши дали Куманово ќе оди во карантин

724

Ситуацијата во Коуманово е лоша, трендовите се негативни. Таму има приличен број на заразени и здравствени работници. Сметам дека владата за 24 или 48 часа, ќе треба да реши дали целосно или делови од елементите на моделот затворање на Дебар да ги примени и на Куманово, за да се спречи ширењето на вирусот, изјави претседателот на државата Стево Пендаровски по седницата на Советот за безбедност.

Тој додаде дека ситуацијат во Куманово се усложнува и дека таму ќе треба посебен фокус и внимание и можеби да се примени успешниот модел од Дебар и Центар Жупа, со оглед дека се работи за општина со над 120.000 жители и со самото тоа претставува огромен потенцијал за ширење на вирусот. Пендаровски рече дека негативни се трендовите и во Прилеп.

Поврзани содржини