Првпат коронавирусот да се пренесе на овој начин: Форензичар се заразил додека правел обдукција на починат од ковид-19
Научниците во Тајланд соопштија дека го идентификувале првиот случај на некој што починал од ковид-19, болест предизвикана од коронавирусот, откако се заразил од мртво тело.
Форензичарот бил заразен во Бангкок и тоа воедно се смета за прв таков случај во светот.
Случајот беше објавен во „Journal of Forensic and Legal medicine“ во саботата, истражувачите предупредиле дека форензичарските работници и патолози ќе мора исто така да се штитат максимално од инфекцијата.
Светската здравствена организација (СЗО) препорача медицинските и останатите работници кои имаат контакт со телата на починатите пациенти од коронавирусот да бидат внимателни затоа што сè уште не е познато на кои начини вирусот може да се пренесе.
Научниците сметаат дека постои „мала шанса“ форензичарите да дојдат до контакт со заразен пациент, но дека тие имаат контакт со мртвите тела.
– Во моментот немаме податоци за точниот број на мртви тела контаминирани од ковид-19, затоа што рутински не се проверуваат. Сепак, контролата на инфекцијата и универзалната мера на претпазливост се неопходни. Форензичарите мора да носат заштитна опрема, вклучувајќи и заштитно одело, ракавици, очила, капа и маска. Постапката за дезинфекција што се користи во операциските сали може да се применува и во патолошко/форензичните единици – изјавиле научниците.