Контроверзниот српски бизнисмен Драгослав Космајац(67) почина утринава, пишува српски Курир.
Тој на крајот на март бил хоспитализиран поради коронавирусот, а состојбата од почеток му била сериозна.
Една недела откако било утврдено дека заболел од коронавирусот, Космајац бил приклучен на респиратор.
Тој беше уапсен во ноември 2014 година во Белград, откако беше доведен во врска со трговијата на наркотици, за што пак никогаш не беше обвинет поради недостиг на докази.
ФОТО: Курир.рс