Ги следиме реакциите на граѓаните на социјалните мрежи, ова е период кој мора да се издржи, крајната цел е да се заштити здравјето на граѓаните. Сите се свесни за сериозноста на ситуацијата, секој со својот професионаен или личен капацитет треба да се заложи максимално за почитување на мерките, порача министерот Венко Филипче.
Тој одговори на новинарско прашање во врска со заканите на поглаварот на Исламската верска заедница, реисот Сулејман Реџепи до владата дека ќе ги повлече повиците за заштита од пандемијата ако на ИВЗ не и дадат помош.
– Сега е време сите да се стрпиме, да издржиме, знам дека е тешко, но мора да инвестираме во сопственото и во колективното јавно здравје – одговори Филипче.
За верските празници кои се пред нас, министерот Филипче рече дека ќе важи целосна рестрикција во движењето.
– Сметаме дека за време на тие празници, за време на такви собири, многу тешко доколку има дозволено движење ќе може да се исконтролира, така да, ставот ќе биде да важат истите мерки како и за викенд – изјави Филипче.