Здравствените експерти бараат да прекине производството и продажбата на цигари во светот
Пушењето цигари го ослабува имунитетот и го прави послаб во борбата со коронавирусот, вели Ган Куан.
Здравствените експерти од Кина ги предупредуваат пушачите да ги остават цигарите, а тутунските компании да престанат со производство и продажба на цигари, со цел, како што велат, да се намали ризикот од ширењето на коронавирусот.
Ова е најдобро време да се престане со пушење.
– Најдобриот потег што во моментов може да го направи тутунската индустрија е веднаш да престане со производство и продажба на цигари, бидејќи на тој начин значително ќе помогне во борбата против коронавирусот – вели Ган Куан, директор на меѓународниот синдикат во борбата против болести на белите дробови.
Тој истакнува дека е исклучиво загрижен за влијанието на коронавирусот врз 1.3 милијарди пушачи во светот, а особено за оние пушачи кои живеат во држави со слаби здравствени системи.
– Пушењето цигари го ослабува имунитетот и го прави послаб во борбата со коронавирусот. Пушачите можат да имаат намален капацитет на белите дробови, а тоа значително го зголемува ризикот од поголемо заболување. Апелирам до сите влади во светот да имаат морален императив и да ги советуваат пушачите да ги остават цигарите. Ова е најдобро време да се престане со пушење – истакна Куан.
Тој вели дека истражувањата покажале оти пушачите поминуваат многу полошо од останатите пациенти заразени со ковид-19.