Иако Шпанците денеска објавија дека веруваат дека врвот на пандемијата бил на 2 април и дека се очекува намалување на бројот на заразени, коронавирусот го погоди и фудбалскиот клуб Барселона.
„Мундо Депортиво“ објави дека потпретседателот на клубот, Жорди Кардонер е позитивен на вирусот и се наоѓа во болница, јавуваат шпанските медиуми.
Од клубот засега официјално не ја потврдуваат веста.