Автоматите за кафе во Куманово да се исклучат од употреба
Општина Куманово. Општински штаб за заштита и спасување и понатаму стои на став дека е потребен целосен карантин на територија на Општина Куманово
Стопанствениците и дистрибутерите на автомати за кафе на територија на Општина Куманово да се исклучат од употреба, е една од препораките од денешниот состанок на Општинскиот штаб за заштита и спасување во врска со превземање на активности и мерки од ширење на (коронавирусот.
– Препорака до правните субјекти (маркети, аптеки и слично) кои и понатаму вршат опслужување на граѓаните во своите деловни простории да започнат со зачестена дезинфекција на внатрешните простории. Сопствениците на банкомати да вршат зачестена дезинфекција на истите. Повторно се бара од Министерство за здраство и Комисија за здраство да го засили човечкиот капацитет во ЦЈЗ Куманово со зголемување на бројот со епидемиолози и други стручни лица во интерес на непречено работење и спроведување на интензивни тестирања на територија на Општина Куманово. Општински штаб за заштита и спасување и понатаму стои на став дека е потребен целосен карантин на територија на Општина Куманово – велат од Општинскиот кризен шраб.