Меган Маркл по понудата од 5 милиони долари, сега доби уште поинтересна улога

2,222

Меган Маркл неодамна доби понуда од една голема козметичка компанија да се појави во една серија и да заработи дури пет милиони долари за само пет минути. Меган и Хари решија да се разделат од кралството и да бидат финансиски независни.

Тие сега ќе мора сами да заработуваат, а очигледно дека добрите деловни понуди пристигнуваат од сите страни.






Неодамна се појави снимка на која Хари им соопштува на директорите на „Дизни“ дека Меган е подготвена да започне со актерската работа. Многу прашина се крена околу снимката која ја извадија британските медиуми, а на која Хари „преговара“ за работа за Меган со шефот на „Дизни“, Боб Игер.

Сега пристигна понуда од „Симпсонови“ за Меган, каде продуцентот и автор на еден од омилените анимирани ситкоми, Ал Џон, изјавил дека разговарале за тоа да ја ангажираат Меган. И тоа да го позајми гласот за Лиза Симпсон.

– Слушнав дека сака да го позајми гласот, еве ако слуша нека се јави – рекол Ал во една радио емисија.

 

Поврзани содржини