Актерот Том Хенкс и неговата сопруга Рита Вилсон се позитивни на коронавирус, а сега се ставени во карантин откако беа ослободени од болницата во Квинсленд во Австралија.
Хенкс (63) ги информира своите фанови за нивната состојба откако беа отпуштени од болницата во Австралија и се преселија во изнајмена куќа за да се изолираат.
За моменталната здравствена состојба на својот брат раскажала Сандра Хенкс Беноитон, и открила дека е во контакт со него.
– Комуницирам со мојот брат. Не е сјајно, но сепак е добро. Дали сум шокирана? Не сум. Тој е актер, не е Бог, но здравствената нега во Австралија е добра – рекла Сандра Хенкс Беноитон, најстарата сестра на оскаровецот.
Сандра се преселила во Италија во 2016 година и живее во градот Порденоне, кој е само еден час северно од Венеција. Таа и нејзиното семејство се во самоизолација додека Италија се справува со пандемијата.
– Ние сме во ред тука… немаме проблем со останувањето дома, а оваа заедница е прекрасна. Среќна сум што сум тука, духот на луѓето е неверојатен! Сепак, САД и Велика Британија пропаѓаат мизерно, како и да е – рекла Сандра.
На прашањето до кога ќе трае карантинот, таа рекла: „Јас сум во покраината Порденоне, околу еден час северно од Венеција. Карантинот е до 3 април… до сега. Ќе видиме што ќе се случи понатаму.“
FOTO: Instagram/Printskrin