И Хари наседна: Мислел дека разговара со Грета Тунберг, па открил сѐ за кралското семејство

732

Принцот Хари мислел дека разговара телефонски со Грета Тунберг, па ја отворил душата околу „Мегзит“, зборувал за Доналд Трамп и за светските лидери. За жал, тој добил телефонски повик и бил измамен од двајцата најпознати руски шегаџии кои ја објавија содржината на интервјуто, пренесува „Сан“.

Пранкерите Владимир Кузњецов и Алексеј Столиаров, коишто се нарекуваат Вован и Лексус, тврдат дека двапати разговарале со Хари преку фиксна линија во неговиот дом на островот Ванкувер, Канада. Тој бил уверен дека од друга страна на линијата е 17-годишната активистка Грета Тунберг и нејзиниот татко. Интервјуата се одвивале на 14 и на 22 јануари. Еден од разговорите бил објавен во понеделникот вечерта на Јутјуб и Фејсбук, но сега веќе не е достапен.






На социјалните медиуми кружат делови од разговорите. Во интервјуто, Хари вели дека Доналд Трамп имал „крв на рацете“ околу неговите ставови за климатските промени, британски политички систем го нарекува кршлив и признал дека е „целосно одвоен“ од остатокот од кралското семејство.

– Можете да ме нарекувате како сакате, но Хари е сосема во ред – рекол принцот па продолжил дека нему и на Меган им било тешко да ја напуштат Британија. Додал во шега дека мажењето за принц и женидбата за принцеза не е онаква каква што изгледа на телевизија.

Во телефонскиот разговор со лажната Грета Тунберг, принцот Хари истакнал и дека е целосно изолиран од остатокот од семејството и дека „поентата не е да си принц или принцеза, дека во сложувалката има многу парчиња.

– Тоа е веројатно разговор за некоја друга прилика, има многу слоеви тука. Оваа одлука не беше лесна, но беше вистинска за нашето семејство, за да го заштити нашиот син. Мислам дека има многу луѓе ширум светот кои можат да се идентификуваат со нас и да нè почитуваат затоа што ние го ставаме семејството на прво место – признал Хари.

Пранкстерот кој го глумел таткото на Грета го прашал дали мисли дека нормалниот живот е полош од кралскиот, а Хари низ смеење рекол дека „мисли дека е многу подобар“.

– Бев војник десет години. Нешто се смени во мене со текот на годините, станав свесен за тоа кој сум. Но, моето семејство не го разбра тоа. Потоа се запознав со Меган, жена ми. Жена кога е секогаш преземлива и која отсекогаш знае како да ги брани  своите права. Беше природно, дури и болно, да се напушти кралското семејство, – принцот Хари со отворено срце ѝ признал на шведската активистка Грета Тунберг и нејзиниот татко Сванте во телефонски разговор. Мислел дека разговара со неа.

Но, тоа биле двајца руски измамници, познати по нивните шеги, Алексеј Столиаров и Владимир Кузњецов, кои во минатото на ист начин ги прелажаа и Елтон Џон и американски демократски кандидат Берни Сандерс, како и британскиот премиер Борис Џонсон.

Портпаролот на Хари одби да го коментира овој разговор. Извори блиски до принцот велат дека е сосема логично што тој сакал да разговара со Грета за климатските промени.

 

 

Поврзани содржини