90 МРТВИ, 150 РАНЕТИ ВО КАБУЛ Што досега знаеме за бомбашкиот напад?

Интересно е што втората експлозија се случила баш во близина на канализацијата каде имало насобрано луѓе. Тие биле разнесени во воздух заедно со водата. Се смета дека барем една од експлозиите е направена со експлозивен елек. Групата ИС-К врзана со Исламска држава е веројатно одговорна за нападите.

572

v Најмалку 90 луѓе загинаа, а 150 други се ранети во двата големи самоубиствени бомбашки напади на аеродромот во Кабул, а 13 од нив се американски службеници, дознава Би-Би-Си. Грозоморните напади се случија само неколку часа откако западните земји ги повикаа своите граѓани да се држат подалеку од аеродромот, бидејќи веќе имаше дојава за можен напад од озглогласените ИС-К, огранок на Исламска држава во Авганистан.

Еве што досега знаеме за двете експлозии на меѓународниот аеродром Хамид Карзаи, кој инаку го носи името на претседателот на Авганистан кој моментално го држат во притвор.






Една бомба во хотел, друга на влезот од аеродромот

Пукнаа две бомби. Првата експлозија одекнала во хотелот „Барон“ кој е на помалку од 500 метри од аеродромот во 6 часот попладне по локално време. Хотелот го користела британската влада за да ги згрижи Авганистанците и своите граѓани. Втората експлозија одекнала во близина на еден од главните влезови во аеродромот – портата Еби.

Пред да се случат експлозиите се слушнало пукање во воздух, а имало и пукање во толпата луѓе кои пробувале да се пробијат до авионите. Пукале талибанските стражари кои биле распоредени околу главната порта и ја чувале однадвор.

Интересно е што втората експлозија се случила баш во близина на канализацијата каде имало насобрано луѓе. Тие биле разнесени во воздух заедно со водата. Се смета дека барем една од експлозиите е направена со експлозивен елек.

Двата напади дополнително ќе ја искомплицираат евакуацијата која ја спроведуваат Американците и за која добија рок до 31-ви месецов. Вчера, другите европски сојузници се повлекоа предвреме откако ја слушнаа дојавата за нападот, а беше пукано и на италијански авион кој сепак успеа да полета и без поголеми проблеми да ја изврши планираната евакуација.

Поврзани содржини