Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 973 тестирања, а регистрирани се 88 нови случаи на ковид-19. Во Скопје има 30, Куманово 8, Дебар 1, Штип 13, Прилеп 5, Тетово 3, Струга 11, Велес 1, Битола 1, Охрид 2, Кавадарци 1, Гостивар 1, Пробиштип 1, Кратово 1, Свети Николе 1, Кичево 8.
Починати се три лица, двајца пациенти од Скопје и еден од Штип. Во ГОБ „8 септември“ починати се пациенти на возраст од 43 и 72 години. Во КБ Штип е почината пациентка на 76 годишна возраст.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 123 оздравени лица од: Скопје 70, Штип 6, Прилеп 4, Тетово 31, Велес 3, Кочани 2, Пробиштип 1, Кичево 1, Ресен 4, Неготино 1.
Вкупната бројка на дијагностицирани е 8.197.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 5 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 92 пациенти. На кислородна поддршка се 52 пациенти, нема пациенти на респираторна машина.
Во болницата во Козле се хоспитализирани 23 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, 5 деца позитивни и 1 дете суспектно на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 8 нови, вкупно хоспитализирани се 88 пациенти. На респираторна машина се 4 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 28, а во болницата во Штип се хоспитализирани 54 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар и Струмица се хоспитализирани 110 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.