87% ОД МАКЕДОНЦИТЕ ПОСЕДУВААТ СОПСТВЕН ДОМ Каква е состојбата во Европската Унија?

Највисок удел на сопственост на ниво на ЕУ е забележан во Романија (94%) по што следуваат Словачка (93%) и Унгарија (92%). 

144

Повеќе од две третини од луѓето што живеат во домаќинствата на Европската Унија поседуваат свој дом наспроти 32% што живеат во изнајмени станови. Во Македонија речиси 87% живеат во свој дом, а 12,9% под кирија, покажуваат податоците на Евростат.

Според последните достапни податоци на Евростат, во 2024 година повеќе од две третини (68%) од населението што живее во домаќинствата на ЕУ поседувало свој дом, што е малку помалку од 69% во 2023 година. Преостанатите 32% живееле во изнајмени станови, што е зголемување од 31% во претходната година.






Највисок удел на сопственост на ниво на ЕУ е забележан во Романија (94%) по што следуваат Словачка (93%) и Унгарија (92%).

Поседувањето дом е почесто во сите земји од ЕУ, освен во Германија, каде што преовладува изнајмувањето, при што 53% од населението се закупци. По Германија, следуваат Австрија (46%) и Данска (39%).

За Македонија и за земјите од регионот последните достапни податоци на Евростат се за 2023 година, така што повеќето од луѓето живеат во сопствен дом: во Албанија – 95,5%, потоа следуваат Хрватска – 91,2%, Србија – 89,9%, Северна Македонија – 87,1%, Бугарија – 86,1% и Грција – 69,6%.

Под кирија најголем дел од населението во 2023 во регионот живеел во Грција – 30,4%, потоа следуваат Бугарија – 13,9%, Македонија – 12,9%, Србија – 10,1%, Хрватска – 8,8% и Албанија – 4,5%.

Поврзани содржини