458 ДРЖАВЈАНИ ИЗВЛЕЧЕНИ ОД БЛИСКИОТ ИСТОК Македонија досега со 4 летови евакуираше 380 свои граѓани и 78 странци

Со четири организирани летови од Блискиот Исток се евакуирани 458 лица, од кои 380 се македонски државјани, информира МНРнТ. Меѓу спасените има и 78 странски државјани од 12 различни земји. Дипломатско-конзуларните претставништва и понатаму им стојат на располагање на граѓаните во кризните региони.

0

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека досега се реализирани четири организирани летови за евакуација на граѓани од регионот на Блискиот Исток, со кои се превезени вкупно 458 патници.

Од нив, 380 се македонски државјани, додека 78 се странски државјани.






Вкупно по држави, меѓу евакуираните странски државјани има: 14 од Босна и Херцеговина, 13 од Косово, 13 од Албанија, 8 од Србија, 6 од Црна Гора, 3 од Грција, 2 од САД, како и по 1 државјанин од Украина, Германија, Ерменија и Индонезија, како и 4 лица со холандски ЕУ-пасош.

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, преку дипломатско – конзуларните преставништва и дежурниот телефонски број и понатаму останува на располагање на македонските граѓани во кризните региони.

Поврзани содржини