4 МРТВИ ВО УКРАИНСКИ НАПАД СО ДРОНОВИ ВРЗ РУСКИ РАФИНЕРИИ Украина повторно нападна длабоко во Русија
Со нападите на нафтената индустрија на Русија, Киев има цел да го наруши виталниот економски сектор и снабдувањето со гориво на руските сили.
Четири лица се убиени денеска во нови украински напади со беспилотни летала врз рафинерии во југозападна Русија, соопштија локалните власти, пренесува ДПА.
Гувернерот на Самара, Вјачеслав Федоришчев, изјави дека четири лица загинале, а едно е повредено.
Гувернерот на регионот Саратов, Роман Бусаргин, пак, напиша на Телеграм дека една жена е повредена во нападите со украински беспилотни летала и дека прозорците во два станбени блока и неколку автомобили се оштетени.
Украинската војска соопшти дека повторно цел на нападите биле рафинериите за нафта во регионите Саратов и Самара, длабоко на руска територија.
Со нападите на нафтената индустрија на Русија, Киев има цел да го наруши виталниот економски сектор и снабдувањето со гориво на руските сили.
Пред неколку дена, исто така, Украина нападна руски рафинерии.