„360 Степени“: Нов скандал со Рашковски, за 105.000 евра купил кабини за гласање кои никој не ги користи
Овојпат, поранешниот генерален секретар на Владата е поврзан со некакви кабини за гласање за избори за кои досега никој не слушнал ниту, пак, се користеле за гласање.
Порталот „360 Степени“ објавува уште еден скандал поврзан со поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски.
Овојпат тој е поврзан со некакви кабини за гласање за избори за кои досега никој не слушнал ниту, пак, се користеле за гласање.
„Рашковски – владиниот генерален секретар купил уште патент од Рашковски-иноваторот што не го користи ниедна институција: Кабина за гласање за 105.000 евра народни пари“, објавува „360 степени“, најавувајќи ја својата емисија која ќе се емитува вечерва во 22 часот на Алсат-М.