33.650 денари изнесува синдикалната кошничка во јануари
Повикувајќи се на Државниот завод за статистика, ССМ потсетува дека просечната нето-плата во ноември лани била 27 588 денари.
Вредноста на Синдикалната минимална кошничка за јануари 2021 година изнесува 33.650 денари.
Како што соопшти Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), од елементите што ја сочинуваат кошничката, на исхрана и пијалаци отпаѓаат 14.021 денари, на домување 10.817, на хигиена 2.375, на превоз 2.483, на облека и обувки 2.157, на култура 1.067, додека на одржување на здравје 726 денари.
Повикувајќи се на Државниот завод за статистика, ССМ потсетува дека просечната нето-плата во ноември лани била 27 588 денари. Тогаш, вредноста на Синдикалната минимална кошничка била 33.742 денари.