30 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА УНИВЕРЗАЛНАТА САЛА И ЗА ТУРСКИОТ ТЕАТАР Ќе се гради театарот во Струмица, ќе се обнови Драмски, најави Андонова

Во 15-месечниот мандат Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ воведе делегиран буџет за 17 национални установи, се реализираа 551 проект од областа на заштитата на недвижното културно наследство, се реши статусот на 160 вработени во културните институции, рече Викторија Андонова од ВМРО-ДПМНЕ.

171

Во Македонија со ВМРО-ДПМНЕ почна време во кое уметноста се вреднува, културното наследство се чува, а културата станува видлива и достапна за сите, рече денеска Викторија Андонова од ВМРО-ДПМНЕ.

– Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ја враќа македонската култура во прв план – со над 2.500 поддржани проекти, нови инвестиции, обновени институции и силна меѓународна промоција. Во 15-месечниот мандат Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ воведе делегиран буџет за 17 национални установи, се реализираа 551 проект од областа на заштитата на недвижното културно наследство, се реши статусот на 160 вработени во културните институции – рече Андонова.






Наскоро ќе почне и изградбата на претходно стопираниот проект на стариот театар во Струмица, додаде таа.

– По повеќе години застој почнува да се гради и Универзалната сала – симболот на Скопје, а воедно се уредува и се гради Турскиот театар. Вкупната вредност на инвестициите за овие проекти е преку 30 милиони евра. Во текот на мандатот на оваа Влада ќе се гради и Драмскиот театар во Скопје, чиј проект се ревидира. Оваа година ќе почне реализацијата на проектот за интервентна заштита на „Македониумот“ во Крушево, симболот на македонската историја, идентитет и борба – рече таа.

Започната е реконструкција, санација и адаптација на поранешното кино „Партизан“ во Битола, инвестиција вредна 96 милиони денари, додаде Андонова.

– Во Гевгелија целосно се реконструира Старата чаршија којашто ќе ја задржи својата автентичност, но и ќе се трансформира во современо културно-туристичко јадро. Вредноста на инвестицијата е 40 милиони денари. По 7 години запоставеност, повторно се отвори комплексот „Македонско село“ кој низ својата автентична архитектура и традиција ја раскажува македонската културна приказна. „Музејот на вода” во Охрид, кој претходно беше запуштен и заборавен, го доби својот стар сјај, а неговата обнова изнесуваше околу 15 милиони денари. Го продолживме и проектот за возобновување на Свети Климентовиот универзитет на Плаошник – рече таа.

ВМРО-ДПМНЕ ја враќа културата во фокусот и го прави вистинскиот избор за иднина во која македонската приказна е видлива и вреднувана, потенцираше Андонова.

Поврзани содржини