30 МИЛИОНИ АМЕРИКАНЦИ БИ ТРГНАЛЕ СО ОРУЖЈЕ ПРОТИВ БАЈДЕН Каков пуч е потребен за да се освои Капитол Хил?
Но, колку навистина се насилни поддржувачите на Трамп? Во написот на „Атлантик“ сепак се тврди дека „пучот“ на Трамп „повеќе ќе се потпира на субверзија отколку на насилство“, додека бунтот на Капитол од 6 јануари е опишан како вообичаена „практика“ за поранешниот претседател. Целта? Предвремени претседателски избори во 2024 година, ама без гласачки ливчиња.
Секој десетти Американец, или „20 до 30 милиони луѓе“ се подготвени да „земат оружје“ и да го симнат претседателот Џо Бајден од фотелјата, тврдеше ТВ-водителот Џон Хејлеман во шоу на МСНБЦ, пишува РусијаДенес. На слично мнение е и неговиот колега Чак Тод, кој изјави дека „пучот веќе започнал“, мислејќи на враќањето на Доналд Трамп.
– Постои едно истражување кое покажува дека 8 отсто, а можеби и до 12 отсто од луѓето велат дека Џо Бајден бил нелегитимен и дека насилството е соодветна алатка за негово отстранување и враќање на Доналд Трамп. Ова се меѓу 20 и 30 милиони луѓе – рече Хејлеман цитирајќи статија од „Атлантик“.
Нема да има насилство, туку ќе има протести
Овие поддржувачи на Трамп, додаде тој, претставуваат „масовно движење во корист на политичкото насилство“.
Но, колку навистина се насилни поддржувачите на Трамп? Во написот на „Атлантик“ сепак се тврди дека „пучот“ на Трамп „повеќе ќе се потпира на субверзија отколку на насилство“, додека бунтот на Капитол од 6 јануари е опишан како вообичаена „практика“ за поранешниот претседател.

Целта ќе бидат вонредни избори во 2024 година
Статијата исто така тврди дека политичките маневри на Трамп и неговите поддржувачи, како и поставувањето на вистинските поддржувачи на вистинските позиции на национално и локално ниво, може да доведе до претседателски избори во 2024 година за кои нема да се одлучува со гласачки ливчиња.
Американските медиуми се ТВ-Паника
За многумина предвидувања на „Атлантик“ се нереални и преувеличени, а изјавата на Хајлеман на МСНБЦ дека десетици милиони чекаат во крилата за „да го земат оружјето“ беше наречена „неодговорно новинарство“.
„(Случувањата во) последните години го убедија печатот дека стравот – и само стравот – продава“, твитна новинарката Дру Холден во врска со изјавата.
„Премногу од нашите вести станаа ТВ-Паника за да ве заплашат и да ви го привлечат вниманието. Тоа е неодговорно “, додал писателот Даниел Дарлинг во твитот.