27 МРТВИ ВО ПОЖАР ВО ПСИХИЈАТРИСКА КЛИНИКА ВО ОСАКА Очевидци тврдат дека е подметнат (ВИДЕО)

Полицијата ја истражува причината за пожарот, вклучувајќи извештаи дека еден маж го подметнал пожарот во зградата, пренесува Кјодо њуз, повикувајќи се на лица вклучени во истрагата.

517

Најмалку 27 лица настрадаа откако изби пожар во една психијатриска клиника, сместена во висококатница во јапонскиот град Осака, соопшти неименувано јапонско официјално лице.

Тој за агенцијата Ројтерс изјави дека барем уште едно лице е повредено.






Причината за пожарот, кој бил изгаснат за половина час, засега не е позната и полицијата истражува дали можеби бил подметнат. Очевидците изјавија дека виделе маж кој носел хартиена кеса, од која капела течност.

Луѓето од останатите катови биле безбедно евакуирани.

Пожарот избил набрзо откако клиниката, која се наоѓа на четвртиот кат од осмоскатна деловна зграда, започнала со работа во 10 часот по локално време.

Поврзани содржини