27-годишно момче од Липково почина од ковид-19, немал претходни заболувања

1,290

Пациент на возраст од 27 години од кумановското село Липково починал на Инфективната клиника во Скопје од ковид-19, потврдило Министерството за здравство за МКД.мк.

Момчето било примено на Инфективната клиника во исклучително тешка состојба, а пред тоа неколку дена се лекувал дома, бил под надзор на матичен лекар, а два дена бил лекуван амбулантски во кумановската болница.






„Поради нагло влошување на состојбата и пад на сатурацијата до 50% пациентот е префрлен на Клиниката во Скопје во исклучително тешка состојба, каде беше ставен на неинванзивна вентилација. Пациентот немаше хронични заболувања освен покачена телесна тежина“, рекле од Министерство за здравство за порталот.

Поврзани содржини