250.000 вакцини АстраЗенека од Данска за Македонија
Владата намени уште еден милион дози вакцина „АстраЗенека“ за меѓународниот механизам за дистрибуција на вакцини КОВАКС. информира Амбасадата на Данска во Белград.
Данската Влада намени еден милион дози вакцини, по 250.000 дози како донација за Албанија, Босна и Херцеговина, Косово и за С Македонија. Владата намени уште еден милион дози вакцина „АстраЗенека“ за меѓународниот механизам за дистрибуција на вакцини КОВАКС. информира Амбасадата на Данска во Белград.
Од таму велат дека во моменталната епидемиолошка ситуација, данските здравствени власти ја вклучија вакцината на производителот „Астра Зенека“ како изборна. Бидејќи побарувачката за оваа вакцина е многу ограничена, данските власти одлучиле да ја поделат порачаната количина вакцини „АстраЗенека“ со земјите на кои им е потребна.
Донациите за земјите од Западен Балкан ќе содржат дози од вакцината на „Астра Зенека“, кои Данска ги порача и ги плати, но кои сè уште не се испорачани. Моментално се работи на тоа донациите да се реализираат во наредните месеци.
– Нашите соседи на Балканот имаат значаен недостиг на вакцини, што истовремено оптоварува некои заедници и го зголемува ризикот од нови жаришта, кои може да се појават и да се прошират. Затоа ми е драго што можеме да излеземе во пресрет и да им помогнеме на нашите блиски партнери со ова апсолутно неопходно оружје против пандемијата, односно со вакцините. Западниот Балкан е дел од нашето непосредно соседство и имаме силен заеднички интерес да се држиме заедно и во пандемијата, изјави министерот за надворешни работи на Данска, Јепе Кофод.