25 оризопроизводители ќе бидат помогнати за купување комбајн

Станува збор за реализација на мерката „Инвестиции во модернизација на земјоделски стопанства“, подмерка „Набавка на специјални комбајни за жнеење на ориз со сецкалка“.

404

Десет оризопроизводители од општина  Чешиново денеска ги добија договорите за  набавка на комбајни за ориз со уред за сечење на сламата одобрени од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој. Уште 15 други оризопроизводители ќе ги добијат договорите за комбајн во наредниот период.

Станува збор за реализација на мерката „ Инвестиции во модернизација на земјоделски стопанства“, подмерка  „Набавка на специјални комбајни за жнеење на ориз со сецкалка“. Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој кофинансира 70 отсто од  трошоци за набавка на комбајн со уред за сечење на сламата, за земјоделците кои имаат засеано минимум еден хектар со ориз.






Како што информираа од Агенцијата, на повикот пристигнале вкупно 25 барања за набавка на комбајни. Сите 25 апликации се одобрени.

Вкупната вредност на овие 25 договори изнесува близу 32,5 милиони денари, од кои 18 милиони денари, ќе бидат вратени на сметките на апликантите.

Оваа мерка се спроведува за прв пат и е креирана на барање на оризопроизводителите.

Поврзани содржини