23-ГОДИШЕН СКОПЈАНЕЦ ФАТЕН СО ПОЛУАВТОМАТСКИ ПИШТОЛ И СО 51 КУРШУМ Обвинителството бара притвор поради ризик од бегство и од повторување на делото

Во неделата, по судска наредба и по налог на обвинителството, полицијата извршила претрес во домот на осомничениот и таму ги пронашла оружјето и куршумите од калибар 9 мм, како и рамки и додатоци за оружјето, кое осомничениот го поседувал без дозвола.

390

Основното јавно обвинителство Скопје отвори истрага против 23-годишен скопјанец осомничен за недозволено поседување оружје и муниција. Против него е поведена постапка за кривично дело – „Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“, по член 396 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Вчера, во неделата, по судска наредба и по налог на обвинителството, полицијата извршила претрес во неговиот дом и таму пронашла полуавтоматски пиштол и 51 куршум од калибар 9 мм, како и рамки и додатоци за оружјето, кое осомничениот го поседувал без дозвола.






Обвинителството поднесе предлог до судија на претходна постапка за определување мерка притвор, со образложение дека постои опасност осомничениот да се даде во бегство или да го повтори делото доколку се брани од слобода.

Поврзани содржини