22 починати од ковид-19, од кои најмладиот на 45 години, 872 нови случаи

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 108.350, бројката на оздравени пациенти е 95.822, на починати е 3.228, а бројот на активни случаи изнесува 9.300.

1,086

Во последните 24 часа се направени 3.394 тестирања, а регистрирани се 872 нови случаи на ковид-19. Починати се 22 пациенти и оздравени се 412 лица, информира Министерството за здравство.

Од новозаболените во Скопје се 459, Прилеп 51, Кавадарци 35, Куманово, Битола и Охрид по 33, Тетово  31, Гостивар  28, Штип  24, Неготино и Берово  по 15, Велес 14, Крива Паланка 13, Струмица и Струга  по 11, Крушево  9, Демир Хисар  8, Гевгелија  7, Кочани, Радовиш и Пробиштип  по 6, Кичево, Ресен и Богданци по 5, Свети Николе  3, Виница, Валандово, Кратово, Демир Капија, Македонски Брод и Дојран по 1.






Регистрирани се 412 оздравени пациенти од: Скопје 179, Охрид 44, Струга 34, Прилеп 33, Куманово 23, Тетово 18, Битола 13, Струмица по 12, Гостивар 10, Гевгелија  8, Велес 6, Штип 5, Крива Паланка, Делчево и Пробиштип по 4, Дебар и Кичево  по 3, Ресен, Виница и Кратово  по 2, и Неготино, Крушево и Богданци  по 1.

Пријавени се вкупно 22 починати лица. Починати се по 9 пациенти од Скопје (66г,69г,78г,87г,75г,80г,75г,70г,73г), 4 пациенти од Прилеп(67г,86г,89г,45г), 2 пациенти од Гевгелија(73г,73г) и по 1 пациент од Тетово (72г), Велес (73г), Охрид (79г), Кочани (72г), Кичево (70г), Делчево (75г) и Струмица (70г). Сите пациенти се починати во болнички услови.

Направени се 3.394 тестови преку: ИЈЗ 647, ЦЈЗ Скопје 91, Авицена 294, Биотек 354, Жан Митрев 186, Систина 280, лабораторија Лаор 176, МАНУ 0, Судска медицина 13, ЦЈЗ Битола 70, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби 0, ГАК 0, Синлаб 64, Ремедика 30, лабораторија болница Козле 20, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) вкупно 1.167, УК Пулмологија со алергологија 2, ГОБ „8-ми Септември“ 0, лаборатории од странство 0.

Досега во земјата се направени вкупно 548.210 тестирања на ковид-19.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 108.350, бројката на оздравени пациенти е 95.822, на починати е 3.228, а бројот на активни случаи изнесува 9.300.

Според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна: Скопје 459, активни 4.485, Куманово 33, активни 355, Прилеп 51, активни 704, Тетово 31, активни 271, Гостивар 28, активни 200, Штип 24, активни 128, Кавадарци 35, активни 531, Велес 14, активни 235, Битола 33, активни 228, Охрид 33, активни 428, Струмица 11, активни 175, Струга 11, активни 152, Кочани 6, активни 109, Кичево 5, активни 43, Неготино 15, активни 318, Гевгелија 7, активни 267, Свети Николе 3, активни 25, Крива Паланка 13, активни 127, Ресен 5, активни 64, Дебар, активни 13, Делчево, активни 45, Радовиш 6, активни 20, Берово 15, активни 44, Пробиштип 6, активни 36, Виница 1, активни 23, Валандово 1, активни 25, Крушево 9, активни 83, Богданци 5, активни 66, Кратово 1, активни 24, Демир Хисар 8, активни 31, Демир Капија 1, активни 32, Македонски Брод 1, активни 6, Македонска Каменица, активни 2, Пехчево, активни 3, Дојран 1, активни 2.

Поврзани содржини