21-годишниот син на познатата пејачка почина од предозирање ФОТО

1,191

Синот на пејачката Мелиса Етериџ, Бекет, почина на 21-годишна возраст од последиците од предозирање, пишува списанието „Пипл“.

Веста ја потврди на фејсбук-профилот на пејачката нејзиниот портпарол.






„Со тажно срце, објавуваме дека синот на Мелиса, Бекет, почина и дека концертот што требаше да го одржи од дома е откажан“, напишале од нејзиниот тим.

Етериџ изјави на Фејсбук во подоцнежниот пост дека им се придружува на илјадници мајки кои го изгубиле детето поради дрога.

– Бекет се бореше со зависноста која денеска го докрајчи. Моето срце е скршено. Не можам да престанам да размислувам дали требаше да направам нешто за да го спасам, но знам дека тој е на подобро место сега – додала таа и рекла дека ќе му се врати на пеењето, бидејќи тоа лекува.

Етериџ, која во јавноста е позната по нејзините бракови со американската продуцентка Џули Кифер и актерката Теми Лин Михаелс,  Бекет го доби во бракот со Џули со помош на донор на сперма.

Пејачката има и близнаци од бракот со Теми Лин.

 

ФОТО: Фејсбум/Твитер

Поврзани содржини