20 отсто од инфекциите во Париз се со британскиот вид на коронавирус
Бевме на шест до седум проценти на 7 јануари, а минатата недела стигнавме до 15-20 отсто, истакна Саломо.
Позаразниот вид на коронавирус, кој е првпат откриен во Велика Британија, сега сочинува 20 отсто од инфекциите во поширокиот регион на Париз, изјави денеска шефот на медицинскиот одбор на болничките групи АП-ХП во Париз, Реми Саломо.
– Имаме иницијални резултати во регионот на Париз и тие не се добри. Бевме на шест до седум проценти на 7 јануари, а минатата недела стигнавме до 15-20 отсто – истакна Саломо.
Тој нагласи дека е потребно воведување на построги мерки со цел да се спречи пандемијата.