20% од вакцинираните со „Синофарм“ во Србија не развиле антитела

Докторите од Институтот сега се прашуваат како овие лица ќе се заштитат од заразата и кога треба да добијат следна вакцина на која организмот би требало да реагира.

3,186

Една петина или 20 отсто од вакцинираните со кинеската вакцина од „Синофарм“ во Србија немаат очекуван резултат од вакцинацијата и тоа се главно постари од 70 години, покажува студија на Институтот за медицински истражувања.

Студијата која од февруари ја спроведува научен тим од Центарот за медицински истражувања во Белград, покажува дека 20 отсто од реквацинираните со вакцината на „Синофарм“ во Србија не развиле антитела на коронавирусот.






За еден дел од таа група испитаници кои покажале некаков одговор, макар тоа било и под референтните вредности може да се очекува во случај на контакт со вирусот да бидат барем делумно заштитени, но има и такви кои ниту малку не реагирале на вакцината, пишува српска „Политика“.

Докторите од Институтот сега се прашуваат како овие лица ќе се заштитат од заразата и кога треба да добијат следна вакцина на која организмот би требало да реагира.

-Тоа е дел од популацијата која беше и најревносна во вакцинацијата. Многумина од нив имаат хронични болести и сакаат да се заштитат од ковид-19. Многу ни е тешко да им објасниме дека сѐ уште не постои можност да добијат некоја друга вакцина. А тука е делот од граѓаните кои работат на такви работни места, па постојано се во контакт со луѓе и стравуваат од заразата – вели д-р Олгица Ѓурковиќ Ѓаковиќ, научен советник на Институтот.

Поврзани содржини
na