2.500 ПРВАЧИЊА ДОБИЈА ПОДАРОЦИ ОД ХАЛКБАНК ЗА УСПЕШЕН ПОЧЕТОК НА ШКОЛУВАЊЕТО За седум години акцијата „Среќно прваче“ израдува 15.000 првачиња
Годинава пакет подароци со ликот на слончето Халки, кое е симбол на детското штедење на Халкбанк, добија првачињата во сите основни училишта во Охрид, Кичево, Гевгелија и во дел од скопските општини.
Повеќе од 2.500 првачиња во четири градови во Македонија годинава добија подароци за успешен почеток на новата учебна година во рамки на иницијативата „Среќно прваче“ на Халкбанк.
Станува збор за традиционална активност за општествена одговорност, која банката ја спроведува седма година по ред. Пакетчето содржи училишни материјали и Бонтон за убаво однесување во училиштето и во домот, прилагоден за возраста на учениците од прво одделение. Главната цел на оваа иницијатива е да се поддржи едукацијата на децата уште од најмала возраст.

– Задоволни сме што „Среќно прваче“ прерасна во препознатлива активност на Халкбанк, особено што во изминатите седум години со неа беа опфатени повеќе од 15.000 првачиња. Секоја година се трудиме подароците со училишни материјали да бидат доделени во различни општини и во различни делови на Македонија. Првачињата заслужуваат топло добредојде во училишните клупи и среќни сме што и Халкбанк има можност да придонесе во исполнувањето на оваа цел – вели Маја Наумовска Савеска, директор на корпоративни и маркетинг комуникации во Халкбанк.
Годинава пакет подароци со ликот на слончето Халки, кое е симбол на детското штедење на Халкбанк, добија првачињата во сите основни училишта во Охрид, Кичево, Гевгелија и во дел од скопските општини.
– Нѝ претставува особено задоволство што општина Гевгелија е дел од иницијативата „Среќно прваче“ на Халкбанк, со која на нашите првачиња им посакуваме успешен, исполнет и радосен почеток на нивното образование. Ваквите иницијативи имаат посебна вредност бидејќи покажуваат дека грижата за најмладите е заедничка одговорност на локалната заедница, институциите и општествено одговорните компании – изјави Андон Сарамандов, градоначалник на Општина Гевгелија.

– Упатувам благодарност до Халкбанк за оваа општествено одговорна иницијатива и за вниманието посветено на децата од нашата општина. Вложувањето во нивното образование и знаење е вложување во иднината на Кичево и на целото наше општество“, рече Александар Јовановски, градоначалник на Општина Кичево.
Покрај „Среќно прваче“, Халкбанк спроведува и поддржува голем број активности наменети за децата и младите, пред сè со фокус на финансиска писменост, заштита на животната средина, социјална инклузија, развој на креативни навики и одговорно родителство.