10 МИНУТИ МОЖЕЛЕ ДА СПАСАТ ЖИВОТИ ВО НЕПАЛ? Извештај отвора тешки прашања по катастрофата
Експерти од Непал и од Кина разговарале за ризиците три месеци пред катастрофата. Меѓународна група научници сега проценува дека 10 минути предупредување можеле да спасат значителен број животи. додека системот ја процесирал и испратил масовната порака за 16 минути, првите неколку населби веќе биле целосно поплавени, бидејќи бранот стигнал до нив за двојно пократко време.
Експерти од Непал и од Кина разговарале за опасноста од катастрофи во пограничниот регион три месеци пред смртоносните поплави, пишува „Гардијан“. Нов извештај сега открива и научни индикации што се појавиле непосредно пред катастрофата.
Во меѓувреме, бројот на загинати во Непал и во Кина надмина 1.000. Илјадници луѓе сè уште се водат како исчезнати, а спасувачките операции продолжуваат.
Експерти од двете земји се сретнале во Катманду уште на 27 мај. Разговарале за ризиците во пограничниот регион и за подобро следење на опасностите од поплави.
Учесниците побарале попис на ледничките езера и мапирање на ризичните подрачја. Сепак, двајца непалски функционери изјавиле за „Ројтерс“ дека од Кина не добиле онолку информации колку што очекувале.
Тие барале повеќе податоци за состојбата на глечерите и за нивото на водата.
Сигнали непосредно пред катастрофата
Уште посериозно прашање отвора брзата проценка на HiRISK, група научници која ги анализира ризиците во високите планински области на Азија.
Во извештајот од 28 август се наведува дека постоеле „индикации пред настанот“ за лавината.
Коавторот на извештајот, геонаучникот Јакоб Штајнер од Универзитетот во Грац, предупредил дека системите за рано предупредување за градежните работници биле „многу слаби“.
HiRISK наведува дека во погоденото подрачје немало воспоставен систем за рано предупредување од опасности поврзани со глечерите. Почетната лавина била толку брза што непосредната евакуација веројатно би била исклучително тешка.
Но ситуацијата била поинаква подолу по течението.
„Со време на предупредување од 10 минути или повеќе, сеопфатните и добро опремени системи можеа да спасат значителен број животи“, се наведува во извештајот.
Не е познато со какви податоци располагала Кина пред катастрофата за состојбата на глечерите во погоденото подрачје.
Колку реално време имале жителите на најблиското населено место?
Додека до крајната точка од околу 100 километри, на разорната стихија со оваа брзина ѝ требале вкупно околу половина час, односно 31 минута. Одредени остатоци и жртви биле пронајдени дури и до 150 километри подолу, близу границата со Индија.
Иако СМС пораките за предупредување биле испратени до речиси 680.000 мобилни телефони во рок од 16 минути од првиот повик за тревога, заедниците во тесните планински долини имале на располагање само неколку минути пред бранот да ги поплави нивните домови.
Ова значи дека додека системот ја процесирал и испратил масовната порака за 16 минути, првите неколку населби веќе биле целосно поплавени, бидејќи бранот стигнал до нив за двојно пократко време.
Мртовечниците преполнети, спасени 11.814 луѓе
Непалските власти соопштиле дека спасувачките екипи досега извлекле најмалку 11.814 луѓе. Авиони стигнуваат до отсечените населени места каде што поплавите и свлечиштата уништиле патишта и мостови.
Размерите на катастрофата продолжуваат да растат.
Непалските власти до вторник регистрирале 987 загинати. Уште 3.916 луѓе се водат како исчезнати, меѓу кои и 583 странски државјани.
Властите погребале и стотици неидентификувани жртви. Mртовечниците биле преполнети.